top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Зајков „заглавен“ во Украина: Во овој момент сме безбедни, но воздушниот простор е затворен

Ѓоко Зајков на крајот на месец јануари направи трансфер во Ворскла, но 30-тина дена подоцна, македонскиот фудбалер се најде во навистина незавидна ситуација поради воената ситуација која настана во оваа земја.

Украинската Фудбалска Федерација ги откажа сите фудбалски активности во Украина поради воениот напад од Русија, а најголем дел од странските фудбалери чекаат на конечна логистика од клубовите за напуштање на земјата.

Проблем во овој момент е тоа што воздушниот сообраќај е во прекин и нема комерцијални летови, но во овие тензични моменти, добро е да се прочита смирувачкатас изјава на Зајков која беше лиферувана од страна на Фудбалската Федерација на Македонија.

– Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците кои сме тука да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови.

– Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам, – гласи изјавата на македонскиот фудбалер.


2 views

コメント


bottom of page