Агенцијата за млади и спорт вечерва ги додели наградите за најдобрите во македонскиот спорт во 2021 година, а главните признанија завршија кај Дејан Георгиевски и Мери Акиевска.
Георгиевски по долга пауза и донесе медал на Македонија на ОИ во Токио и сосема заслужено беше прогласен за најдобар спортист. Човекот кој пак имаше голема заслуга за неговиот успех Дарко Костовски беше прогласен за најдобар тренер, додека Таеквондо федерацијата за најдобра спортска федерација.
Акиевска пак за својот успех и четирите златни медали на светскиот шампионат во бодибилдинг го доби признанието за спортстиска на Македонија за изминавата година.
Кога се во прашање младите, наградите завршија во рацете на ракометарката на Металург, Ива Младеновска и каратистот Столе Смилковски.
ФФМ пак за успесите на сениорите беше прогласена за за најдобар национален тим, додека пак кај дамите ова признание заврши кај кадетската ракометна репрезентација.
Comments