top of page

Засилувањето на Јунајтед од летниот преоден рок задоволно од стартот на новата авантура

Updated: Oct 6, 2021

05.10.2021 Oktomvri Vtornik

Екипата на Манчестер Јунајтед значително го засили својот состав во летниот преоден рок ангажирајќи ги Кристијано Роналдо, Џејдон Сначо и Рафаел Варан.

Францускиот стопер пристигна од редовите на Реал Мадрид за сума од 42 милиони фунти и засега прикажува солидни партии во дресот на „ѓаволите“ иако речиси на секој натпревар примаат гол од противниците.

И самиот Варан истакна дека е задоволен од стартот на сезоната во Манчестер Јунајтед посочувајќи дека ужива со задоволство на „Олд Трафорд“.

– Многу сум среќен со стартот на новата авантура. Премиер лигата е лига позната по својот интензитет. Има поинаква атмосфера, поинаков генерален менталитет во фудбалот. Различен пристап и дефинитивно поинакво искуство за мене.

– Уживам додека играм, излегувам од мојата комфорт зона и наоѓам нова зона на удобност со моите нови соиграчи, -изјави Варан за „Л’Екип“.


 
 
 

Comments


bottom of page