Засилување за европскиот вицешампион: Интер ќе ангажира докажан дефанзивец од Премиер лигата
- Aleksandar Santovski
- Jun 23, 2023
- 1 min read
Италијанскиот прволигаш Интер ќе направи промени во играчкиот кадар во овој летен преоден рок со јасна цел составот да остане компетитивен, конкурентен за пехари во натпреварувачката 2023/2024.
Европскиот вицешампион ќе остане без играчи како Милан Шкриниар и Данило Д’Амброзио во дефанзивата, но оперативците на клубот работат и е на добар пат да го доведат искусниот Сезар Аспиликуета од редовите на Челси. Тој повеќе од една деценија е дел од „сините“, тим со кој ги освои сите можно титули, ама дојде време за разделба и најдобар доказ за тоа е што Шпанецот веќе ги договорил сите услови за двегодишна соработка со калчолигашот.
Сега останува само да се раздели со Челси и како слободен агент да премине во новата средина што не би требало да биде проблем затоа што постои голема почит меѓу двете страни, а и дефанзивецот повеќе не е незаменлив, не е во прв план, а во август ќе го прослави и 34 роденден.
Сезар претходно има настапувано уште за Осасуна и Олимпик Марсеј.

תגובות