„Засекогаш во срцата“ традиционален концерт во чест на Тоше Проески со Камерен оркестар на Битола
14.02.2024 Februari Sreda
Центар за култура Битола во соработка со НУ Камерен Оркестар на Битола со гордост го најавуваат својот традиционален концерт „Засекогаш во срцата“ посветен на Тоше Проески.
НУ Камерен оркестар на Битола по шести пат го организираат концертот „Засекогаш во срцата“.
Годинава ќе се одржат два концерти во чест на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски – Бојс, информираат од НУ Камерен оркестар.
Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, во проектот поддржан од Министерството за култура, на сцената ќе се појават и гости од соседните држави, кои ќе ги изведат најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман.
На два концерти на 16 февруари, најдобрите хитови на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски – Бојс ќе бидат изведени од Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Александра Трајческа и Катерина Јовановиќ во придружба на Камерен оркестар на Битола.
Comments