Запрено судењето меѓу Амбер и Џони, судијката ја предупреди поротата
Судењето за клевета меѓу Амбер Херд и Џони Деп привлече светско внимание, а сега ненадејно запре.
Одбележано со тешки обвинувања од двете страни, судењето се одвива во Вирџинија. Почна на 11 април, а скоро сите денови беа драматични, почнувајќи од сведочењето на психолог кој кај Херд дијагностицира две нарушувања на личноста, па до сведочењето за наводно злоставување и снимките на кои многумина тврдат дека Амбер шмркала кокаин во судницата.
Судењето се пренесуваше во живо на Court TV и Law & Crime Network, а бројни снимки се објавени и на социјалните мрежи.Оваа недела судењето е запрено, причина за тоа е што судијката Пени Азкарат, која претседава со случајот, има претходно договорени обврски на една конференција.
Судењето ќе продолжи на 16 мај, по што Херд ќе продолжи со сведочењето и ќе се соочи со вкрстено испрашување од тимот на Деп.
Во меѓувреме, судијката ги предупреди членовите на поротата да не гледаат, да не читаат и да не слушаат работи во врска со судењето.
„Сè што ќе дознаете за овој случај е ограничено на тоа што ќе го дознаете во четири ѕида овде, во судницата, додека постапката е во тек“, изјави таа.
Завршните зборови се закажани за 27 мај, не е познато кога ќе биде изречена пресудата.
Comments