Започнува турнирот „Крсте Андоновски“, Вардар прв ќе истрча во „Билјанини Извори“
- Aleksandar Santovski
- Aug 19
- 1 min read
19.08.2025 Avgust Vtornik
Охрид од денеска е домаќин на убав ракометен настан, четвртото издание на турнирот „Крсте Андоновски“.
Оваа година конкуренцијата е навистина жестока и се очекува да биде супер интересно на пресметките во салата „Билјанини Извори“. Од осумте екипи, дури шест лани завршија во ТОП 2 во своите држави, и доаѓаа три шампиони на своите земји.
Во групата А се домаќинот ГРК Охрид Партизан (Србија), Нексе (Хрватска), Киндил (Фарски Острови), додека во Б групата се бранителот на пехарот Вардар, Еурофарм Пелистер, Динамо Панчево (Србија), Тримо Требње (Словенија).
Вардар и Динамо Панчево ќе го отворат турнирот со натпреварот кој е на програмата од 16:30 часот, потоа 18:45 ќе се сретнат Охрид и Киндил, додека од 21:00 часот на мегдан ќе излезат Партизан и Нексе.






Comments