top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Започна „На зајдисонце“ во Трпејца

22.07.2024 Juli Ponedelnik

До 28 јули во Трпејца по 13. пат ќе се одржува културно-забавното лето „На зајдисонце“. Организаторот на летото, здружението „За Трпејца со љубов“, најавува интересна програма, во која до израз ќе дојде креативноста на младите, но и промоција на Трпејца од историски, културен и спортски аспект.

Публиката на отворената сцена под ведро небо „Кај бунарот“ во наредниве девет дена ќе може да ја проследи проекцијата на документарниот филм: „Кино Охридско Езеро“ од Љупчо Паункоски. Ќе биде промовирана монографијата за селото „Трпејца – трпеза со духовна благодат“ од авторот Игор Никовски, а младиот историчар Петар Симоноски ќе презентира факти за Трпејца од 16 век. Планирани се настапи на драмското студио „Цвет 75“, под раководство на Драгана Боцеска ,со претставата „Ќерките на Фроса“, концерт на млади музички надежи. Во Трпејца првпат настап ќе има и новиот женски хор при Црвениот крст во Охрид, „АКордис“, под раководство на диригентката Биљана Николоска.

И годинава нема да изостане популарната „Трка со куфери по скалилата во Трпејца“, фотоконкурсот за најдобра фотографија од Трпејца направена со мобилен и денот посветен на кајакарскиот клуб „Рибар“ и неговиот основач и тренер Номче Митрески. Свеченото отворање го одбележаа изложба од ланската Меѓународна колонија одржана во Трпејца и концерт на Влатко Броз и диџејот Марама.


0 views

Comments


bottom of page