top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Започна меѓународниот фестивал „Битола отворен град“

Денеска во Битола започна 22 издание на Меѓународниот арт фестивал „Битола отворен град“ кој ја промовира урбаната култура, а се одржува во организација на Младинскиот културен центар Битола.

Фестивалот започна со цртање мурали на неколку локации во градот, а ќе продолжи со одржување на журка на пешачката патека во Старта чаршија на зајдиосонце со диџеј „BERRYQYAT“.

Журката ќе продолжи пред поранешната Соколна, во Градскиот парк со тројца диџеи Боц.А и „Авенсис“ од Македонија и Џое Дием од Шпанија.

На 23 јуни во дворот на МКЦ ќе се претстават млади уметници, фотографи и графичари со цртање графити.

Во рамките на фестивалот в сабота, на 24 јуни во Градскиот парк ќе се одржи голем музички хепенинг со концерт на „Луцент“ авторски македонски бенд од Битола, „Арумбо румба фјужн бенд“ од Шпанија со членови од Белгија и Италија и „Репетитор“ гаражно рок/пост-панк трио од Белград.

Одржувањето на музичкиот хепенинг е заштитен знак на фестивалот. Започнува со настап на „Луцент“ авторски македонски дум рок бенд од Битола со сјани настапи во живо и верни фанови кои ги следат на настапит. Тие имаат зациментирано своето место како бенд кој држи лекции за моќна музика и звук. Со него ја задржуваме традицијата на големиот музички хепенинг да го отвоириме со авторски, македонски бенд со што даваме поддршка на локалната музичка сцена – рече Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола.

Свој настап ќе има „Арумбо румба-фјужн бенд“ од Шпанија со членови од Белгија и Каталонија, со танцувачки песни и мелодии од срце испеани со сепцифичен кадифен женски вокал.

– Ова е посебен предизвик за нас зашто после подолго време излегуваме од балканските рамки и нивното гостување е резултат на партнерствата што ги имаме направено со учество во неколку европски музички сцени. За првпат настапуваат во Македонија – додаде Талевски.

Третиот бенд, кој ќе настапи на музичкиот хепенинг е „Репетитор“ гаражно рок/пост-панк трио од Белград, Србија.

Директорот на Младинскиот културен центар од Битола, Сашо Додовски, на денешната прес конференција истакна дека времето покажа оти ова е еден од најдолготрајните фестивали кои не се целосно финансирани од буџетски извори или се само делумно потпомогнати од нив што во транзициски времиња е навистина тешко да се оствари и издржи.

Сите настани на фестивалот се бесплатни, а волонтерите се движечка сила на фестивалот – велат организаторите.

М.М


1 view

Comments


bottom of page