top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Запознајте ги суперхероите од најновиот Марвелов филм „Вечни“

Филмскиот спектакл „Вечни“ е последниот на филмската листа на „Марвел“, кој официјалната проекција ја имаше минатата недела. Заплетот на филмот е заснован на истоимениот стрип на Марвел од 1976 година, на Џек Кирби, во кој вечните воини што живеат на планетата Земја седум илјади години се собрани од божествените за да ги обединат своите сили во борбата против најголемата закана за човештвото и човечкиот вид – девијантните. Во ликовите на суперхероите Икарис, Гилгамеш, Фастос, Кинг и Друиг се појавуваат актерите Ричард Меден, Дон Ли, Брајан Тајри Хенри, Кумаил Нанџиани, Берија Киоен.

Икарис

Икарис е борец што има натприродна моќ и неверојатна сила. Неговата космичка енергија му овозможува да лета и да исфрла ласерски зраци од очите. Тој стои зад сето она што го прават вечните и е многу фокусиран. Актерот Ричард Мејден, познат од серијата „Игра на тронови“ и уште попознатата епизода „Црвена свадба“, ја има улогата на суперхеројот Икарис. – Беше убаво да се снима на вистинските локации, а не на зелените и сините екрани. Имаме одлични сцени на плажите со црн песок и вулкански острови. Улиците на Лондон, пејзажот на шумите, сето тоа придонесе приказната да се заснова и да се направи пореална – изјави Мејден.

Друиг

Еден од вечните е мислителот Друиг, кој ја стекнал способноста да го контролира умот од космичката енергија. Тој ја користи својата моќ за да им помогне на своите другари и ја користи контролата на мислата веќе 7.000 години. Друиг го игра познатиот ирски актер Бери Киоен, кој е голем љубител на стрипови и за себе вели дека не можел да поверува дека ќе стане дел од универзумот на Марвел. – Секое дете сонува да стане суперхерој. Бев пресреќен кога дознав дека ја добив улогата, пред сѐ поради мојата вечна желба, но и поради тоа што овој филм претставува различни заедници. „Вечни“ покажува дека секој може да биде суперхерој – вели Киоен.

Кинго

Кинго е борец што ја контролира космичката енергија со рацете. Има голема самодоверба, голем ентузијаст, многу е горд и сака да биде во центарот на вниманието. Тој му се восхитува на Икарис и би сакал тој да биде важен како него. Познатиот актер и комичар Кумаил Нанџиани го отелотвори Кинго, опишувајќи ги неговиот егоцентризам и флатер. – Вечните се разделиле пред многу години и требаше да работат во тајност, а тој го направи тоа така што стана боливудска филмска ѕвезда. Кинго е лик што отсекогаш уживал во вниманието, сакал луѓето да го сфатат како суперхерој, но не смеел да го открие тоа – изјави Нанџиани за својата улога.

Фастос

Мислителот Фастос е вечниот што користи космичка енергија за да го унапреди човештвото. Тој е еден од најпаметните луѓе во универзумот, а неговата супермоќ е што може да создаде сѐ од различни технолошки уреди. Во улогата на Фастос се појавува Брајан Тајри Хенри, кој е голем љубител на стрипови и приказни за суперхероите. – Бев опседнат со концептот на суперхероите и дека на човештвото му треба спас. И мислам дека кога имаш група луѓе што се собираат, тоа е универзална приказна што те води, без разлика од каде си. Таква надеж ви дава Марвел – вели Хенри.

Гилгамеш

Гилгамеш е најсилниот од тимот на вечните. Ја користи космичката енергија за да ја зголеми својата моќ. Кога не е во жарот на битката, Гилгамеш е опуштен и срдечен, тој е и еден вид заштитник на Тена (Анџелина Џоли). Јужнокорејско-американскиот актер Дон Ли е познат по своите акциски улоги. – Го глумам Гилгамеш, кој е најсилниот и најхрабриот херој. Неговата специјалност е силен удар, но има и меко срце. Се надевам дека луѓето ќе го сакаат – рече Дон Ли, зборувајќи за својата улога Гилгамеш.

Дејн Витман

Иако не е еден од вечните, Дејн Витман, кој го игра познатиот актер од „Игра на тронови“, Кит Харингтон, е многу поврзан со Серси и го претставува човечкиот дел од приказната во „Вечни“. – Дејн е близок со Серси и тој е сѐ што таа сака на Земјата. Тој е таму за да застане на страната на луѓето и човештвото – рече Харингтон за својот лик.


4 views

Comments


bottom of page