top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Занети: Потегот на Лукаку е чин на предавство

Интер беше толку разочаран од однесувањето на Ромелу Лукаку за време на преговорите во преодниот рок, што реши експресно да ја прекине комуникацијата со Челси и агентите на играчот на оваа тема.

Белгиецот и неговите претставници наводно неколку дена не одговарале на повиците од Милано, а се појавија шпекулации дека причина за тоа е што Лукаку почнал преговори со големиот ривал Јувентус.

Ваквото сценарио засега го остава Лукаку без нов ангажман, а никој во Интер не го крие разочарувањето од однесувањето на искусниот напаѓач.

Спортскиот директор Хавиер Занети во својата последна изјава истакнал дека бил непријатно изненаден од однесувањето на Лукаку.

– Очекувавме различно однесување и како професионалец и како човек, посебно поради она што Интер го има направено за него.

– Тој има право да замине и да игра каде сака, но требаше да го информира клубот навреме. Никој не е поголем клубот и кога го градиш составот, сакаш да знаеш со кого ќе располагаш во соблекувалната. За нас ова е предавство од Лукаку, – вели Занети.


1 view

Comments


bottom of page