top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Занети за ривалот кој го доби Интер: Сите ми зборуваа за овој тим кога дојдов во Милано

Хавиер Занети како претставник на Интер беше ова попладне во Нион, каде се одржа ждрепката за четвртфиналето во најелитното европско натпреварување.

Од тешките ривали кои можеше да ги добие како Реал Мадрид, Баерн Минхен и Манчестер Сити, се чини дека Интер доби доста посакуван ривал во четвртфиналето во екипата на Бенфика, но сепак квалитетот кој го покажува португалскиот тим оваа сезона е навистина импресивен и за очекување е да се гледаат два израмнети дуели.

Интер се намачи против Порто во осминафиналето, а судбината сега посака да игра против Бенфика, тим над кој италијанскиот тим славеше во финалето во далечната 1965-та година.

– Сите тимови носат посебна опасност во четвртфиналето. За тимовите од Серија А е многу важно што сме дел од оваа фаза во Лигата на шампионите.

– По извлечената ждрепка, сметаме дека имаме реални шанси за да се најдеме и во полуфиналето. Интер и Бенфика имаат своја историја. Кога јас дојдов во Интер, Факети, Суарез и Мацола ми зборуваа за финалето со Бенфика. Се надеваме дека ќе се пласираме во полуфиналето, – изјави Занети.


1 view

Comentários


bottom of page