top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Замислете го Кристијано Роналдо во Скопје против Македонија

Познатата спортска мрежа „И-ес-пи-ен“ во анализата на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство го најави „најдраматичниот бараж во историјата“, преку кој учество во Катар ќе бара и фудбалската репрезентација на Македонија.

Во баражот ќе учествуваат 12 репрезентации кои ќе бидат поделени во три групи. Се игра по системот полуфинале и финале, а само победниците ќе изборат пласман на Светското првенство. Преку баражот пласман во Катар ќе се обидат да изборат последните два европски шампиони, Португалија и Италија.

– Форматот на баражот, од самиот почеток ќе донесе невидена драма и напнатост. За неутралните тоа ќе биде спектакл, за навивачите чии репрезентации ќе играат во баражот, тоа ќе биде прчина за дополнителни стресови. Имаме три фајналфор-турнири со полуфинале и финале. Значи, се е можно, сите опции се отворени. Замислете Кристијано Роналдо да дојде во Скопје и да се бори за пласман на Светското првенство против Македонија – наведува „И-ес-пи-ен“ во својата анализа.

Ждрепката за баражот ќе се одржи на 26 ноември. Носители се Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и Велс. Македонија е во групата на неносители заедно со Турција, Полска , Украина, Чешка и со Австрија. Носителите ќе бидат домаќини на полуфиналните дуели, додека домаќинството на финалињата ќе биде одредено со ждрепка. Полуфиналињата ќе се играат на 24 и 25 март в година, а финалињата на 28 и 29 март.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември в година.


3 views

Comments


bottom of page