top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Замената за Меси во Барселона ја има утката на вечерта во Лигата на шампионите

29.09.2021 Septemvri Sreda

Барселона во овој летен преоден рок направи измени во офанзивниот дел од тимот продавајќи го најголемиот фудбалер на клубот, Лионел Меси.

Освен Аргентинецот од „Камп Ноу“ си замина и Антоан Гризман, а како резервна опција за овие двајца фудбалери беа донесени Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Лук Де Јонг.

Едниот од нив, Лук Де Јонг вечерва на натпреварот против Бенфика прописно се посрамоти откако не реализира чист зицер на празен гол.

Офанзивец доби одлична топка од Френки Де Јонг и излезе сам пред празната мрежа но не успеа добро да ја зафати топката која наместо во голот заврши во блокот на фудбалерот кој првично изгледаше далеку од него.

По ваквото промашување, Лук Де Јонг веднаш стана мета на потсмев на социјалните мрежи, а навивачите на Барслеона уште повеќе се револтираа од нивниот нов офанзивен фудбалер.


1 view

Comments


bottom of page