Зак Снајдер работи на нов научнофантастичен филм
Updated: Jul 9, 2021
08.07.2021 Juli Cetvrtok
Зак Снајдер работи на научнофантастичниот филм Rebel Moon („Бунтовна месечина“) за „Нетфликс“. 55-годишниот режисер, чиј најнов филм „Армијата на мртвите“ почна да се емитува на стриминг-платформата, го пренасочи своето внимание кон новиот проект за кој се надева дека може да прерасне во голема франшиза. Како што открива „Холивуд репортер“, тој го пишува сценариото заедно со косценаристот на „Армија на мртвите“, Шеј Хатен, како и со косценаристот на „300“, Курт Стонстад. Приказната ќе ги следи настаните во мирна колонија на работ на галаксијата, која ќе биде загрозена од војските на тиранинот Балисариј. Една млада жена со мистериозно минато потоа е испратена да најде помош во блиските планети. Во изјава за „Холивуд репортер“, Снајдер вели: „Ова сум јас додека растев како обожавател на Акира Куросава, обожавател на „Војна на ѕвездите“. „Тоа е мојата љубов кон научната фантастика и џиновската авантура. Се надевам дека ова ќе стане голем серијал и универзум што може да се гради“.
Comments