top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Завршницата на ЕП 2020 пред повеќе од 60.000 гледачи

ФУДБАЛ

Повеќе од 60.000 гледачи ќе може да присуствуваат на полуфиналињата и на финалето на Европското првенство, на стадионот „Вембли“, објави Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет-страница, по објавата на Владата на Велика Британија, со што присуството на публика ќе се зголеми на 75 проценти од капацитетот на стадионот во Лондон. Полуфиналните натпревари на програмата се на 6 и на 7 јули, а финалето е на 11 јули.

– Одлична вест е што толку многу гледачи ќе можат да ги следат последните три натпревари на ЕП 2020 на „Вембли“. Претходните 18 месеци нѐ научија, надвор и на теренот, колку гледачите се интегрални во структурата на играта. Овој турнир беше светилник на надежта за да ги увериме луѓето дека се враќаме на понормален начин на живот и ова е уште еден чекор по тој пат. Благодарен сум им на премиерот и на Владата на Велика Британија за нивната напорна работа во финализирањето на овие аранжмани со нас, за да ги направиме завршните фази на турнирот голем успех на „Вембли“ – рече претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Строгите услови за влез ќе вклучуваат негативен тест за ковид-19 или доказ за целосна вакцинација (примени две дози, 14 дена пред соодветниот меч).


2 views

Comments


bottom of page