Заврши проектот „Филмска училница“
14.12.2020 Декември Понеделник
„И каменот има душа“ е насловена поетската книга од македонскиот поет Филип Димкоски, која неодамна е објавена во издание на „Академски печат“ од Скопје. Станува збор за необичен концепт, односно книга што содржи една песна напишана во оригинал на македонски јазик и нејзините препеви на уште тринаесет словенски јазици, односно на сите словенски јазици што активно се говорат денес. Над дваесет преведувачи, лектори, научници од областа на јазикот и книжевноста од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Русија, Белорусија, Украина, Полска, Чешка, Словачка, Бугарија и Босна и Херцеговина вложија свој труд во создавањето на оваа книга, за која поговорот го напиша докторката по филолошки науки Наталија Лапаева Ристеска.
– Читањето на препевите на песната „И каменот има душа“ од Филип Димкоски е еден фасцинантен процес што носи радост за откривање и проширување на литературните хоризонти. Ова е можност да се увидат од една страна сличностите во јазиците, а од друга страна нивните разлики, а сето тоа нѐ упатува кон размисла за корените на постоењето, за културите, писменоста, духовноста на словенските народи, како и за индивидуалните историски судбини и менталитет на секој од нив. Како што е познато, менталитетот на еден народ може да се осознае токму преку јазикот – пишувa Ристеска во својот поговор кон книгата. Корицата на книгата и илустрациите внатре се авторско дело на академскиот сликар Владимир Здравески, а лектурата на книгата ја направи Нада Алексоска.
Comments