Заврши „медениот месец“ за Зизу во Франција: Ова беше вистинска катастрофа
13.11.206 Noemvri Petok
Зинедин Зидан имаше мирен и речиси перфектен учинок со три победи и едно реми на натпреварите во септември и октомври, но првиот пораз во неговата ера како селектор означи крај на неговиот „меден месец“ и ги донесе и првите критики.
Иако почна добро на „Сан Сиро“, Франција доживеа голем пад и на крајот претрпе пораз од 3:1 во натпреварот на Лигата на нации, а тоа ги натера луѓето од „РМЦ Спорт“ да испорачаат критики на адреса на селекторот.
Легендарниот Кристоф Дигари и Даниел Риоло како познати аналитичари ја посочија тактичката конфузија и спорниот избор на играчи на бековските позиции како главни причини за пресвртот на Италијанците, а своето мислење го пренесоа преку познатата емисија „After Foot“.
– Недостасува работа, недостига комуникација, недостига сигурност. Планот функционираше на почетокот, а потоа се распадна, изјави поранешниот репрезентативец и соиграч Зидан, Кристоф Дигари.
– Овој тим не може секогаш да се потпира на техничките квалитети, ќе мора да се научи и да страда, бидејќи во фудбалот не секогаш сите работи одат под конец. Овој тим мора физички да работи и да се надградува, – додаде Дигари, а доста пожесток беше Риоло.
– Играчите толку многу ги менуваа позициите што на крајот повеќе не се знаеше кој што прави на теренот. Ова не наликува на ништо, беше вистинска катастрофа, – истакна Риоло.







Comments