top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Заврши конзервацијата на турската бања во Дојран

Updated: Nov 18, 2021

17.11.2021 Noemvri Sreda

Во Дојран, по долго време од покренување на иницијативата, заврши конзервацијата на „турската бања“ која како нова туристичка атракција веднаш е ставена во функција на посета од страна на гостите и локалното население.

– Збогатувањето на туристичката понуда и туристичките содржини за нас како општина од секогаш претставува врвен приоритет.Заради тоа сметаме дека токму со зголемување на атрактивноста ќе го збогатиме опфатот на содржини кои догодина ќе придонесат да имаме уште побогата туристичка сезона од летово кога,покрај нашите,во Дојран ни се вратија и туристите од странство, рече градоначалникот Анго Ангов.

Проектот за конзервација на дојранскиот Амам се реализираше во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Бугарија,во чии што рамки беше реконструирана и Саат кулата која неодамна,по повод Денот на ослободувањето на Дојран,беше предадена во употреба.


1 view

Comments


bottom of page