top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Заврши 48-часовниот маратон во креирање на видеоигри

Заврши 48-часовниот маратон во креирање на видеоигри „Global Game Jam Skopje 2024“ организиран од Macedonian Games Industry!

Ова беше без размислување најдобриот „Game Jam“ кој досега се одржал во Македонија.

Се пријавија 60 учесници, а на локација дојдоа 75 и сите беа примени. Од нив се формираа 17 тимови, а се направија неверојатни 19 игри, од кои 18 видеоигри и еден бордгејм.Темата за оваа година беше „Пробај да ме насмееш“, а истовремено се случуваше во 109 земји во светот, на 797 локации и глобално учествуваа 48.000 учесници.

„Global Game Jam“ се случува секоја година, последниот викенд во јануари и е најголемиот двигател на индустријата за развивање на игри во Македонија.

Оваа година за првпат имаше предавања во деновите пред „џемерскиот“ дел од настанот.


3 views

Comments


bottom of page