top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Заборски, Спасеновски и Костовска се пред нов предизвик во Премиер-лигата

19.04.2024 April Petok

КАРАТЕ

Петaр Заборски (категорија до 75 кг) и Петар Спасеновски (до 84 кг), и двајцата од КК Макпетрол, во машка и Вероника Костовска (до 61 кг) од КК Олимпик спорт во женска конкуренција се тројцата македонски претставници и репрезентативци што обезбедија место меѓу најдобрите 32 на ранг-листата на Светската карате-федерација (ВКФ) за да настапат на престижната Премиер-лига карате во Каиро (Египет), од денеска до недела. Пријавени се вкупно 374 каратисти од 58 држави.

– Ќе го дадам максимумот, се надевам на добар настап и на освојување медал. Не ги знаеме уште противниците од групата за натпреварите што нѐ очекуваат, но познато е дека тука е самиот светски врв. Ова е по ранг најсилно карате-натпреварување и, секако, добро ќе влијае на нашата самодоверба и на кревањето на формата пред Европското првенство, од 8 мај во Задар, Хрватска – вели Спасеновски.

На претходниот ваков турнир, во март годинава, во Анталија, (Турција), на кој настапија 337 каратисти од 60 држави, Заборски се пласира на седмото место, а потоа загуби во четврт-финалето. Претходно тој оствари три победи во својата група, со што го освои првото место. Спасеновски во елиминацискиот дел заврши втор во својата група, откако забележа две победи и еден пораз.

На Премиер-лигата учествуваат по 32 најдобри каратисти и каратистки во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел секој каратист има три борби во својата група, а само првиот продолжува во четврт-финалето. Г.И.


0 views

Comments


bottom of page