За старт на „Есенски музички свечености“ концерт на ансамблот „БА-РОК“
Со спектакуларен концерт на ансамблот „БА-РОК“, вечерва (4 ноември), во 20:30 часот, во фоајето на Националната опера и балет, свечено ќе бидат отворени „Есенските музички свечености“. Составен од врвни инструменталисти, концерт-мајстори, водачи и солисти од Операта и од Балетот, ансамблот „БА-РОК“, предводен од маестро Иван Еминовиќ, во рамките на програмата ќе ги изведе делата од Ж.Ф Рамо, А. Вивалди, Г.Ф. Хендл и Ј.С. Бах.
Ансамблот го карактеризира исклучителна симбиоза на карактери, музичка подготвеност и виртуозност во изведбата. На концертот ќе бидат изведени премиерно Увертира од операта „Зевс“ од Рамо, арија на Гризелда од А. Вивалди, арија на Клеопатра од Г.Ф. Хендл, „Ich habe genug” арија од кантата 82 од Ј.С. Бах, дует од операта „Аминта и Фелидер“ од Г.Ф. Хандел, терцет од операта „Монтезума“ од А. Вивалди и на крај, свита од операта „Les Indes galantes “ од Ж.Ф Рамо.
Comments