top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

За Романија ќе играат главно ракометарки од домашното првенство

16.04.2021 April Petok

ВО БАРАЖОТ СО МАКЕДОНИЈА ЗА ПЛАСМАН НА СП 2021

Селекцијата на Романија е пречката што ќе треба да ја помине македонската женска ракометна репрезентација за да игра на Светското првенство во Шпанија во декември годинава. Првиот меч е закажан за утре (17 часот) во Букурешт, а реваншот се игра в среда (17 ч.) во спортскиот центар „Јане Сандански “ во Скопје. Романија досега била дел од сите 24 ракометни мундијали, а од европските првенства (ЕП) пропуштила само едно, тоа во Шведска во 2006 година. Од СП имаат еден златен медал (1962 година како домаќини), два сребрени (1973, 2005), еден бронзен (2015) и пет пати биле четвртопласирани (1971, 1975, 1993, 1999 и 2007). Најдобар пласман на ЕП им е третото место во 2010 година, а двапати биле на четвртата позиција (2000 и 2018). На минатото СП, во 2019 година во Јапонија, и на ЕП 2020 во Данска, селекцијата на Романија го освои 12-то место. За средбите со Македонија селекторот на Романија, Адриан Василие, кој ја презеде репрезентацијата пред олимписките квалификации за Токио, повика 20 ракометарки, притоа задржувајќи ја базата на тимот, која во изминатите три години беше избор и на неговите претходници Мартин Амброс, Томас Руд и Богдан Бурчеа. Василие ќе ја гради играта со Кристина Неагу, Крина Пинтеа, Кристина Ласло, Јулија Думанска, Дениса Деду, Габриела Периану, Елиза Бучеси… Голманката Думанска игра за Подравка од Хрватска, а сите други ракометарки се дел од романскиот шампионат, од кои шест се од првакот ЦСМ Букурешт, четири од вицепрвакот Баја Маре, три од третопласираната Валчеа…


2 views

Comments


bottom of page