За Пеп дербито со Јунајтед не е ништо специјално, но за Оле е: Секако дека тоа е посебен натпревар
- Aleksandar Santovski
- Nov 5, 2021
- 1 min read
Многумина со нетпрение го очекуваат утрешното градско дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити кое од 13:30 часот ќе се одигра на „Олд Трафорд“.
Манчестер Јунајтед со победа ќе се израмни по бројот на бодови со својот градски ривал, кој пак доколку слави дополнително ќе се одлепи од „ѓаволите“ и ќе ги втурне во подлабока резултатска криза.
Пеп Гвардиола претходно истакна дека оваа средба за него е како сите други и не е ништо специјално, за разлика од Солскјер кој посочи дека ова е посебен натпревар за него и за секој навивач на Манчестер Јунајтед.
– Ова е градско дерби, сите знаат колкав е влогот. Посебен натпревар, секако. Последен пат кога игравме пред навивачи, атмосферата беше неверојатна.
– Знаеме дека ова е важен натпревар, играчите се обединети, знаат дека си се потребни еде на друг и дека тимскиот дух во ваквите натпревари е најважен, -изјави Солскјер.

Comments