top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

За женското писмо: Нова книга на Марина Мијаковска

На покривот на Домот на културата „Кочо Рацин“, на 16 јуни, во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Ecriture feminine и романот: прилог кон феминистичката теорија на жанрот“ на Марина Мијаковска.

Издавач е Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) од Скопје, а промотор е Славчо Ковиловски.

„Книгата зборува за теоретските и практичните аспекти на женското писмо. Значајно е што во неа се дефинираат неколку модели на женското писмо, преку анализа на делата на македонски и светски авторки: Оливера Николова, Ирена Јорданова, Лидија Димковска, Вирџинија Вулф и Маргерит Дирас. Мијаковска се задржува на дефинирањето на жанрот роман, проучувајќи го пристапот на жените – авторки кон романот“, се посочува кон книгата.

Мијаковска пишува поезија, проза, есеистика, литературна критика и научни трудови, а од 2013 е членка на ДПМ. Таа учествува на научни конференции, предава на работилници за креативно пишување, водител е на книжевни манифестации и добитник на неколку книжевни награди во земјава и во странство.


1 view

Comments


bottom of page