За десет години клубовите вложиле 48,5 милијарди долари за трансфери
ФУДБАЛ
Во изминатата деценија се вложени околу 48,5 милијарди долари за трансфери на фудбалери, а англиските клубови ја предводат листата на големи потрошувачи, пишува „Би-би-си“. Светската фудбалска федерација (ФИФА) спроведе опсежно истражување на трансферите што се случија од 2011 до 2020 година.
Според извештајот, во периодот од десет години во трансферите учествувале 8.264 клуба од 200 земји-членки на ФИФА, со 66.789 фудбалери, и биле направени вкупно 133.225 трансфери или заеми, од тоа 6.480 вредни барем еден милион долари. Манчестер сити и Челси беа на чело на табелата, а вкупно 12 клуба се од Премиер-лигата меѓу првите 30 клуба, а првите 30 се од Европа. Извештајот одбележува една деценија откако ФИФА го лансира својот систем за трансфери, задолжителен од октомври 2010 година. Во текот на изминатата деценија, во најмногу трансфери биле вклучени бразилски играчи (15.128). Според извештајот, Нејмар останува единствениот играч што е продаден за повеќе од 200 милиони долари, пишува „Би-би-си“.
Манчестер сити (232) позајмил најмногу фудбалери, а потоа е Челси (207), најпопуларниот трансфер-пат во текот на деценијата бил од Бразил до Португалија (1.556 трансфери), потоа од Англија до Шкотска (1.239), пишува „Би-би-си“.
Comments