top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

За две години живот на висока нога:Музејски работник ги заменил оригиналните слики со копии, а потоа

За две години живот на висока нога:Музејски работник ги заменил оригиналните слики со копии, а потоа ги продавалВработен во Германскиот музеј во Минхен подметнал копија и ја продал оригиналната слика од колекцијата, соопшти судот во Минхен.

Заработените пари обвинетиот ги трошел на луксузни забави, скапи рачни часовници, а си дозволил и Ролс Ројс.

30-годишниот маж, кој не е именуван поради строгите германски закони за приватност, беше осуден за кражба на уште три уметнички дела од германскиот музеј во Минхен. Тој успеал да избегне затвор, но добил условна казна од 21 месец и наложено да му врати на музејот повеќе од 60.600 евра.

Во соопштението за медиумите, Окружниот суд во Минхен наведува дека при изрекувањето на пресудата било земено дека обвинетиот го признал делото и покажал искрено каење.

„Тој рече дека постапил непромислено. Не може да го објасни своето непромислено однесување“, се вели во пресудата на судот.

Еден човек кој работел во Германскиот музеј од мај 2016 до април 2018 година успеал да ја замени сликата на Франц фон Штук „Приказната за принцот жаба“ (Das Märchen vom Froschkönig) со копија и да го понуди оригиналот на аукција.

Тој пред аукциската куќа во Минхен изјави дека сликата му припаѓа на неговиот прадедо. Сликата била продадена на швајцарска галерија за 70.000 евра, а тој добил речиси 50.000 во кеш, бидејќи аукциската куќа му наплатила трошоци.

Тој украл уште три слики од депото на музејот и успеал да продаде две – Die Weinprüfung (Дегустација на вино) од Едуард фон Грутнер и Zwei Mädchen beim Holzsammeln im Gebirge (Две девојки што собираат дрва во планините) од Франц фон Дефрегер. Едно од делата е продадено на аукција, а другото директно го купила аукциската куќа што му донело уште 11.490 евра.

Парите ги искористил за да ги отплати долговите и да го финансира „луксузниот начин на живот“, се вели во соопштението на судот.

„Обвинетиот бесрамно ја искористил можноста за пристап до складиштата и продавал вредни културни добра за да си дозволи луксузен начин на живот“, се додава во соопштението на судот.

Тој исто така се обидел да ја продаде украдената слика Дирндл од Франц фон Дефрегер во друга аукциска куќа во Минхен, но не успеал.

Во писмената изјава за Си-Ен-Ен, аукциската куќа зад трите успешни продажби „Кетера кунст“, вели дека „едноставно не е можно да се идентификуваат како украден имот“.

„Во целост ја исполнивме нашата должност и детално ги истраживме споменатите работи“, додаде портпаролот на аукциската куќа. „Жалиме што делата беа украдени од музејот… (и) тесно соработувавме со (полицијата) во рана фаза и ја доставивме целата документација за да се реши овој случај“.

Официјални лица од германскиот музеј изјавија за Си-Ен-Ен дека прават напори да ги вратат сликите. Портпаролот наведува дека Музејот бара да се откаже продажбата и дека една од украдените слики е веќе во сопственост на полицијата.

Исто така, се додава дека просторот од кој се украдени сликите е „во основа адекватно обезбеден“ и дека Музејот го проверил обвинетиот, кој тогаш немал криминално досие, пред да го вработи.



0 views

Comments


bottom of page