top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ЖРК Будуќност пред згаснување – стравуваат од судбина како Вардар

09.07.2024 Juli Vtornik

Женскиот ракометен клуб Будуќност е пред згаснување, изјави во интервју за „Дан“ извршната директорка на клубот и легендарна црногорска ракометарка, Маја Булатовиќ.

Пред неколку дена клубот го напушти генералниот спонзор, компанијата „Бемакс“, па Будуќност е во безизлезна ситуација.

Поради слична ситуација, ЕХФ претходно го елиминираше Вардар од Лигата на шампионите.

„Многу е комплицирано. Мора да се раскинат договорите што ги направи „Бемакс“, поточно договорите што ги направи менаџерката Катарина Булатовиќ и тренерот Бојана Поповиќ кои го формираа тимот. Исто така, верувам дека Милена Раичевиќ свесно влезе во таа тужба која кај ЕХФ заврши така како што заврши.

Не знам дали Будуќност како Вардар ќе биде исфрлен од ЛШ поради долгови, но ние сме подготвени и на тоа. Повторувам, на денешен ден немаме услови да бидеме учесници во Лигата на шампионите. Едноставно, клубот се гаси. Дали ќе игра во црногорската лига, кој ќе раководи со него, во овој момент не знам, но имаме обврски за шестиот и седмиот месец кон вработените и доверителите кои треба да ги регулираме. Во понеделник треба да им се каже на играчите дека им се раскинуваат договорите, но не знам кој ќе го каже тоа, бидејќи јас не сум финансиер“, заклучила Маја Булатовиќ за „Дан“.


1 view

Comments


bottom of page