top of page

Жоржињо за киксот на Италија: Една работа ќе ме прогонува до крајот на животот

Жоржињо смета дека единствената грешка на Италија ја чинела елиминација неговата репрезентација од мундијалскиот плејоф, а болниот пораз од Македонија го потсети на својот голем „грев“ во квалификациите.

Промашените пенали против Швајцарија придонесоа Италија да игра во плејофот наместо да се пласира директно на СП, за сега европскиот првак да остане без место на престижниот турнир.

– Мислам дека фудбалски направивме се што можевме, доминиравме и креиравме шанси кои не ги реализиравме.

– Последниот период разочаравме во завршницата во нападите, исто така правевме мали грешки, а вечерва тие го решија победникот.

– Ме боли кога ќе помислам на нереализираните пенали. Тоа ќе ме прогонува до крајот на животот, – изјавил самокритичниот Жоржињо.

Македонија ја победи Италија со 1:0 и ќе игра во финалето на мундијалскиот плејоф против Португалија.


 
 
 

Comments


bottom of page