Жоао Феликс не е во почетната постава на Барселона, Артета направи само една промена кај Арсенал (ФОТО)
12.03.2024 Mart Vtornik
Барселона и Лондон вечерва се во фокусот на фудбалска Европа, а причината за тоа се реванш средбите од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите.
На „Монжуик“ во Каталонија, шпанскиот првак Барселона го дочекува Наполи во дуел кој ќе започне од „нула“ со оглед на тоа што првата средба заврши без победник (1-1).
Иако медиумите најавуваа дека Жоао Феликс ќе биде во стартната постава, Чави Ернандес го остави на клупата и нападот на каталонците ќе го сочинуваат Левандовски, Рафиња и Ламал. Други изненадувања немаше, Лопез добива шанса на средината со оглед на повредите, додека во одбраната младиот Кубарси доби предност пред Мартинез.
Кај гостите од Неапол се е како што се очекуваше формација 4-3-3 во која најопасни ќе бидат Осиме, Кварацхелија и Политано.Арсенал пак со негатива од 1-0 го започнува реваншот со Порто. Микел Артета направи само една промена во однос на тимот со Брентфорд, Раја се враќа на голманската позиција на местото на Рамздејл.
Comments