top of page
Search

Жоао Феликс ги посочи најдобрите играчи во светот и ги налути фановите на Барса (Видео)

12.06.2024 Juni Sreda

Барселона се уште нема донесено конечна одлука за Жоао Феликс и покрај тоа што Лапорта и Деко планираат да го задржат на „Камп Ноу“, но со изјави како оваа последната за „Ел Чирингито“, Португалецот сигурно нема да си помогне во обидот да ги освои симпатиите кај фановите.

Португалската суперѕвезда во моментов е насочен кон подготовките за Европското првенство, но во емисијата која ја одработи за познатата шпанска емисија, реши да ги издвои и најдобрите играчи во светот.

Иако доби прашање да избере еден кои се издвојува од сите други, Жоао Феликс првично реши да избере три имиња, за на крајот да го скрати изборот на две.

Феликс во своето обраќање именуваше двајца фудбалери на Реал Мадрид како најдобри во светот, па сосема очекувано добива и доста критики од фановите на Барса.

Според Жоао, најдобри играчи во светот во овој момент се Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.


2 views

Comments


bottom of page