Животот на Парис Хилтон ќе се претвори во ТВ-серија
Животот на Парис Хилтон ќе се преточи во телевизиска серија. Продукциската куќа „А 24“ ги избра мемоарите на 42-годишната ѕвезда за претстојната серија. Продукциската куќа веќе склучи шестцифрен договор. Парис би требало да биде вклучена во ТВ-серијата во некое својство, според „Ентертејнмент тунајт“. Русокосата убавица ги објави своите мемоари – со наслов Paris: The Memoir – уште во март, а книгата го истражува нејзиниот подем до ѕвезда во раните 2000 години, како и нејзините лични битки. Парис претходно тврдеше дека нејзините мемоари помогнале да се промени перцепцијата на јавноста за неа. Во интервју за британски „Индипендент“ таа рече: „Луѓето сега повеќе ме разбираат поради книгата“. Парис исто така откри дека во тинејџерските години измислила лик што личи на Барби за да се заштити. Таа објасни: „Поминував низ тешки периоди кога го создадов овој измислен живот на куклата Барби“. Тоа беше лик што го ставив како маска за да се заштитам себеси“. Парис дури и усвои глас што ја направи да звучи рапаво и необично. Таа го создаде ваквиот лик во обид да се дистанцира од статусот на богата наследничка. „Моето семејство отсекогаш сакаше да бидам коректна и конвенционална. Но, не сакав да бидам позната како внука на хотелиерот на ‘Хилтон’. Сакав да бидам позната како некоја друга“. Парис исто така смета дека пишувањето мемоари е терапевтски процес. „Ова беше најтерапевтското искуство во мојот живот, кога изнесов сè на виделина“, изјави таа за „Ентертејнмент тунајт“.
Comments