top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Животот е прекрасен“ нова премиера на штипскиот Народен театар

„Животот е прекрасен“ е новата претстава на ансамблот на Народен театар – Штип. Режијата и адаптацијата е на Бојан Трифуновски, работена по текстот на Џо Лендри.

Режисерот Трифуновски на денешната прес-конференција рече дека се работи за интерактивна претстава со порака дека и покрај сите трагедии и проблеми, животот е прекрасен.– ПРИНЦИПОТ НА РАБОТА БЕШЕ АМЕРИКАНСКИ, СО САМО 45 ДЕНА, КАДЕ ШТО АКТЕРИТЕ ТРЕБАА БРЗО ДА ГО СОВЛАДАТ ТЕКСТОТ И МНОГУ БРЗО ДА СЕ КАЧАТ НА СЦЕНА. БОЖИЌНА ПРИКАЗНА НА ДИКЕНС, СТАРАТА КЛАСИКА, ВЕЛИ ТРИФУНОВСКИ.

Порача дека претставата има многу музика и карактери кои посакуваат да имаат сила да опстојат, во ова време на изолација, лаги и спинови. Време кога автентичноста на лагите е пореална од реалноста.

Директорот на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип, Горан Трајков, истакна дека станува збор за квалитетна претства, која штипскиот Народен театар го подига на повисоко ниво, а публиката, како што рече, може да ужива во незје наредните два месеци.

Актерите на Народниот театар-Штип порачаа публиката да дојде и да ја види најновата претстава „Животот е прекрасен“, бидејќи, како што кажаа, „ќе ужива“, а не испуштија да ја пофалат и соработката и текот на процесот со режисерот Трифуновски.

Улогите во претставата ги играат актерите Милорад Ангелов, Ефтим Трајчев, Анѓелка Нашкова, Миле Вртеовски, Пеце Ристески, Марија Минчова Андонова, Ава Хусеини и Стефанија Митовска. Драматург е Трајче Кацаров, сценографија, костими и дизајн Љупчо Јованова.

Премиерата на „Животот е прекрасен“ е утревечер во 20 часот на сцената на Народен театар – Штип.


3 views

Comments


bottom of page