top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Живнавме со сребрениот јубилеј на „Бубамара“

Updated: May 16, 2022

16.05.2022 Maj Ponedelnik

Успешно, духовито, со примеси на „Македонисимо“, со ноти за сечиј вкус, со хумор и сатира и за левите и за десните, со свечени најави за најуспешните, без скржавење на зборови и епитети, во радиоактивна позитивна енергија помина и сребрениот јубилеј на „Златна бубамара на популарноста“.

Сашко Коцев во веќе познато издание успеа да ја насмее публиката и конечно во ритам на годинешното мото на манифестацијата, се ослободиме од стегите на пандемијата и „да живнеме“. И Атанас и Тино беа одлична „замена“ на Коцев. Беа придружни сили за смеење и добро расположение. Успеаја да ја одржат позитивната атмосфера во публиката. Повеќе од четири часа на сцената не се штедеше на топли зборови, убава музика, убави луѓе, убава енергија…

Доделени се 20 награди во повеќе категории. Извидникот Петар Ачковски – Грашко, чија изјава за „неухранетите“ извиднички маки беше неофицијално прогласена за позитива на годината, ги додели наградите на продукцијата за деца. „Светот на Биби“ ја доби наградата за „најпопуларна анимирана серија“, а за најпопуларна тв детска емисија е прогласена „Дајте музика“.

Симон Трпчески, кој доби награда како музички амбасадор на Македонија. Награди за животно дело годинава добија и Љупчо Трајковски – Фис, автор на преку 500 песни, и рок-легендата Жељко Бебек.

Награди за трајни музички вредности добија Наум Петревски, Ристо Самарџиев, Благица Павловска и Васка Јанковска, пејачка на ромска музика која има реализирано над 1.800 концерти ширум светот, со години настапуваше со Оркестарот за свадби и погреби на Бреговиќ и која ја отпеа легендарната „Ерделези“.

За спортските достигнувања во минатата година „Златна бубамара“ добија теквондистот Дејан Георгиевски, освојувач на сребро на Олимпијадата во Токио, и фудбалската репрезентација на Македонија. За бенд на годината беше прогласен „Фолтин“, а за композитор Никола Мицевски. Музички дует за 2021 е дуото Александар Митевски и Драган Спасовски, за наградата за Џез соработка им припадна на „Тавитјан брадарс“. За еколошкa ТВ емисија „бубамара“ доби „Агенда 21“, а за најпопуларно новогодишно ТВ шоу „Преспав–ОХО“. С.Ј.







2 views

Comments


bottom of page