Жестока санкција: Дебитантот во Евролигата доби казна од ПЕТ милиони евра!
- Aleksandar Santovski
- 1 day ago
- 1 min read
02.04.2026 April Cetvrtok
Управата на Евролигата изрече жестока казна за Хапоел Тел Авив, кој ќе мора да плати сума од дури пет милиони евра.
Санкцијата е резултат на сериозни прекршоци и непочитување на правилата на натпреварувањето, што доведе до една од најголемите парични казни во историјата на европската кошарка.
Покрај финансискиот удар, случајот предизвика големо внимание во јавноста и дополнително ја отвори темата за дисциплината и одговорноста на клубовите во Евролигата.
Хапоел, кој оваа сезона дебитира во елитното натпреварување, се соочува со сериозен предизвик, како на теренот, така и надвор од него. Казната најмногу се однесува на пречекорувањето на лимитот за трансфери, во однос на финансиската ликвидност на клубот, како и надминувањето на сумата дозволена за плати на играчите.
Останува да се види какви ќе бидат понатамошните последици за клубот и дали оваа казна ќе влијае врз неговото учество во елитното натпреварување.






Comments