Жестока казна: Премиер лигата му одзема 10 бода на Евертон
Независната комисија утврдила дека Евертон ги прекршил правилата на финансискиот фер плеј и веднаш ќе му бидат одземени 10 бодови на табелата во англиската Премиер лига. Денешната одлука е голем шок за клубот од Ливерпул, кој и сезонава ќе се бори за опстанок, а сега ќе остане на само четири бода на табелата. Премиер лигата ја префрли одлуката на независна комисија, а Евертон ја процени одлуката како „шокантна, разочарувачка и неправедна“, најавувајќи жалба. Ова е трет случај во Премиер лигата да му бидат одземени бодови на клуб, претходно тоа се случи со Мидлзброу во сезоната 1996/97 и со Портсмут кој банкротираше во 2010 година. Без денешната казна, Евертон со 14 бодови делуваше во комфорна зона и далеку од последната тројка, која започнува со Шефилд Јунајтед, екипа која има освоено 5 бода. Евертон сега има бодови колку Барнли на делба на фенерџиската улога.
Kommentare