Search
Женственост со доза лежерност – Емили Ратајковски
- Aleksandar Santovski
- May 31, 2021
- 1 min read
Супермоделот ги воодушеви своите фанови и следачи на Инстаграм кога сподели фотографија од неа во бел свилен фустан, само неколку месеци по породувањето. Емили Ратајковски (29) се чини дека максимално ги користи неутралните тонови во собата во која позира во природно осветлување и летен лежерен стил. Таа ужива во својот викенд со новородениот син Силвестер и нејзиниот сопруг, продуцентот Себастијан Беар Меклард, со кого е во брак три години. Емили и Себастијан станаа родители на 8 март. Тие се венчаа во 2018 година.


Comments