Жената што го обвини Боб Дилан за сексуална злоупотреба се премисли, нема докази
Неименуваната жена, која тврдеше дека Боб Дилан сексуално ја злоупотребувал како дете (пред 57 години), трајно ја повлече својата тужба еден ден откако адвокатите на Дилан ја обвинија за уништување клучни докази и неповратно загрозување на интегритетот на случајот. Жената тврдеше дека во 1965 година, кога таа била тинејџерка, Дилан ја злоупотребил во својот апартман во хотелот „Челси“ на Менхетн. Но, сега, нејзиниот адвокатски тим изјави дека таа уништила докази во случајот, што „неповратно влијаело на одржливоста на случајот“. Во правните документи до кои дојде „Билборд“ таа тврди дека има „емоционална лузна и психичко оштетување“ по шесте недели злоупотреба. Адвокатскиот тим на Дилан тужбата ја квалификува како „безобразен шејк-даун маскиран во тужба“ додавајќи дека тужбата е „лажна, злонамерна, несовесна и клеветничка“. Адвокатот на музичката легенда изјави дека е срамота што воопшто дошло до тужба. На првото рочиште во четвртокот, тужителката, идентификувана како Џ. Ц., побара од судот да го отфрли случајот ‘со предрасуди’. „Задоволни сме што тужителката се откажа од оваа измама водена од адвокати и што случајот е отфрлен со предрасуди“, изјавија адвокатите на Дилан.
Comments