Желјасков и Џафери ќе ја отворат изложбата „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј
- Aleksandar Santovski
- Nov 15, 2023
- 1 min read
Претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Росен Желјасков денеска престојува во работна посета на Собранието на Македонија.
Желјасков се сретнае со претседателот на Собранието Талат Џафери, а во Археолошкиот музеј, двајцата ќе се обратат на свеченото отворање на изложбата „Сребрена Тракија“.
На изложбата, како што информираа од Министерството за култура, ќе се обрати и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е покровител, а обраќања ќе имаат и бугарскиот министер за култура Крастју Крастев, како и директорите на двете музејски институции кои се организатори на изложбата, Славица Бабамова и Христо Попов.
Изложбата, како што велат од Министерството за култура, е во духот на европските вредности и зацврстување на културната соработка меѓу двете држави и е резултат на врвната професионална соработка меѓу македонскиот Археолошки музеј и Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија.
Изложбата „Северна Тракија“ е поддржана од двете министерства за култура и покрај ексклузивните археолошки предмети од Националниот археолошки институт со музеј при БАН – Софија, содржи и наоди од 17 историски и регионални музеи во Бугарија.
Презентацијата на изложбата „Северна Тракија“ во Скопје претставува продолжување на неколкугодишната соработка меѓу Националниот археолошки институт со музеј при БАН и Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија и се реализира по одличното претставување на изложбата „105 години Требениште“, која неодамна беше отворена во Софија, Бугарија.


Comments