top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Жезус го посочи соиграчот кој најмногу го импресионирал во Арсенал: Тој е вистинско животно!

Тимот кој го составува Микел Артета и навистина млад и ветува многу за во иднина, но сепак новата голема ѕвезда на „топчиите“ верува дека тој и неговите нови соиграчи можат да се борат за титулата во Премиер лигата.

Габриел Жезус го напушти Манчестер Сити откако стана јасно дека нема да биде во прв план крај Ерлинг Халанд, па уште на стартот во Арсенал покажа дека ќе биде многу важен ресурс во нападот.

Бразилецот постигна три гола на првите три подготвителни натпревари како „топчија“, но веќе го избра и соиграчот од кој останал најмногу импресиониран во овие први денови.

– Мартинели, тој е едноставно „уау“. Мартинели е вистинско животно, навистина е животно. Никогаш не се заморува на теренот.

– Она што ме возбудува е фактот што сите соиграчи се толку гладни за успеси, сакаме да го вратиме тимот на победничките патеки и сонуваме да ја освоиме Премиер лигата после 20 години. Овој предизвик ме натера да дојдам во Арсенал, – вели Жезус.


1 view

Comments


bottom of page