top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ждрепка за ЛЕ: Јунајтед повторно со шпански ривал, Јувентус на мегдан со бундеслигаш


Ждрепката за осминафиналето на Лига Европа не донесе некој директен дуел меѓу најголемите клубови кои беа дел од комбинаториката, но затоа најави многу интересни и неизвесни соочувања.

Манчестер Јунајтед повторно ќе игра со шпански ривал, овојпат против Бетис и ќе биде домаќин на првиот натпревар, додека Арсенал за противник го доби незгодниот Спортинг Лисабон.

Јувентус го доби бундеслигашот Фрајбург, додека Рома ќе има сериозен предизвик во Реал Сосиедад.

Натпреварите ќе се играат на 9 и 16. март.


0 views

Comments


bottom of page