Search
Ејми Шумер, Реџина Хол и Ванда Сајкс водителки на „Оскарите“
Комичарките Ејми Шумер, Реџина Хол и Ванда Сајкс ќе бидат водителки на годинешното доделување „Оскари“, а продуцентите на церемонијата се обидуваат да привлечат нови гледачи по рекордно ниската гледаност во 2021 година, објавија во понеделникот „Вараети“и „Њујорк тајмс“. Продуцентите ги финализираат деталите, а официјалното соопштение ќе биде објавено во вторник во емисијата „Добро утро, Америка“ на Еј-би-си. Еј-би-си“, во сопственост на „Волт Дизни ко“, ќе ја емитува церемонијата на доделување на „Оскарите“ на 27 март. Највисоките почести во филмската индустрија, што ги доделува Академијата за филмски уметности и науки, немаат домаќин од 2018 година.
Comments