Search
Ејдан Тарнер меѓу тројцата фаворити за следен 007
- Aleksandar Santovski
- Apr 12, 2022
- 1 min read
Шансите Ејдан Тарнер да биде именуван за нов Џејмс Бонд се зголемија во изминатите неколку дена, што е навистина интересна вест бидејќи претходно не беше спомнат како можен наследник на Даниел Крег. Тарнер веќе некое време е омилен избор на фановите за да ја преземе улогата. Ирскиот актер се прослави како Рос Полдарк во драмската серија „Полдарк“, адаптација на Би-би-си на истоимените романи напишани од Винстон Греам. Според OddsChecker, Тарнер сега е третиот фаворит за улогата на Џејмс Бонд имајќи предвид дека Даниел Крег реши да се повлече од серијалот. Пред неколку месеци Тарнер не беше ниту во првите десет актери, кои најверојатно ќе го носат смокингот на омилениот британски агент Џејмс Бонд.


Comentários