„ЕЈ-СИ/ДИ-СИ“ ЈА НАЈАВИ ПРВАТА ЕВРОПСКА ТУРНЕЈА ОД 2016, БАЛКАНОТ Е ЗАОБИКОЛЕН
12.02.2024 Februari Ponedelnik
Легендарниот австралиски хард рок бенд „Еј-Си/Ди-Си“ ги објави деталите за својата прва европска турнеја по осум години пауза. Турнејата насловена „Power Up“ ќе трае од мај до август и ќе го заобиколи балканскиот регион.
Најавени се 21 датум во 11 држави: Германија, Италија, Шпанија, Холандија, Австрија, Швајцарија, Англија, Словачка, Белгија, Франција и Ирска. Турнејата почнува на 17 мај во германскиот град Гелзенкирхен.
Поставата ќе ја сочинуваат пејачот Брајан Џонсон, гитаристите Ангус Јанг и Стиви Јанг, тапанарот Мет Лауг и басистот Крис Чејни, кој во последен момент го замени искусниот Клиф Вилијамс. На претходната турнеја во 2016 пејач беше Аксл Роуз, откако Џонсон се повлече од групата поради проблеми со слухот.
(Фото: АФП)
Comments