top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ЕХФ ја одби жалбата на Пелистер за судењето на мечот со ПИК Сегед

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја одби жалбата на македонскиот првак Еурофарм Пелистер за судењето на мечот против ПИК Сегед во Лигата на шампионите.

Битолчани не беа задоволни од некои одлуки на Карим и Рауф Гасми со тоа што особено се издвојуваа за непризнатиот погодок на Борзаш откако топката ја мина гол линијата.

Според ЕХФ жалбата на пелистерци е неоснована.

-Жалбата беше поднесена поради неколку судиски одлуки. По внимателна евалуација на наводните контроверзни одлуки, телото утврди дека одлуките се засновани на судиските набљудувања на фактичката состојба во текот на натпреварот. Ваквите одлуки спаѓаат во опсегот на Правните регулативи на ЕХФ како и Регулативите на ЛШ на ЕХФ и ќе се сметаат за конечните одлуки кои не подлежат на никаков протест, -порачаа од ЕХФ.

„Зелено-белите“ имаат опција во рок од три дена да поднесат жалба до Апелациониот суд на ЕХФ.


0 views

Comments


bottom of page