top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ЕХФ пресече: Еурофарм Пелистер ќе игра во Лигата на шампионите

21.06.2024 Juni Petok

Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер втора година по ред ќе игра во Лигата на шампионите.

Европската ракометна федерација денеска ги потврди 16-те учесници во новата сезона, а меѓу нив се најде и битолскиот клуб, што е одлична вест за македонскиот ракомет и фановите на Пелистер.

Еурофарм е меѓу шесте клуба кои добија вајлд-кард од ЕХФ за место во групната фаза, а таков статус уште имаат и Загреб, Нант, Пик Сегед, Кјелце и Динамо Букурешт.

Останатите девет клубови веќе си имаа обезбедено место во ЛШ, а тоа се Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Фухсе, Веспрем, Колштад, Висла и Спортинг.

Дополнително место преку посебна одлука на ЕХФ доби и данска Фредериција.

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 27. јуни.


0 views

Коментарі


bottom of page