ЕХФ потврди: Македонија и Франција ќе го отворат ЕП на фудбалскиот стадион во Диселдорф
Германија ќе биде домаќин на следното Европско ракометно првенство, а земјата со богата традиција во овој спорт, планира да организира турнир кој ќе биде запаметен меѓу учесниците и фановите.
Европската ракометна федерација денеска го потврди распоредот и локациите на кои ќе се играат натпреварите, по што и дефинитивно е јасно дека честа да го отворат престижниот турнир ќе имаат Македонија и Франција.
Предизвикот за избраниците на Кире Лазаров ќе биде уште поголем ако се знае дека овој натпревар е планиран на фудбалската арена во Диселдорф, каде Германците нешто подоцна ќе бидат домаќини против Швајцарија.
Натпреварот Македонија-Франција е закажан за 10. јануари од 18 часот, а капацитетот на стадионот во Диселдорф е 50.000 гледачи.
Преостанатите две средби, против Германија и Швајцарија, македонската ракометна репрезентација ќе ги игра во Берлин.
Comentarios