top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ЕХФ потврди: Вардар нема да игра во ЛШ!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја потврди веста која се појави изминативе денови, а тоа е дека Вардар 1961 нема да може да игра во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2022/2023.

Извршиот комитет на ЕХФ имал состанок на 17 јуни на кој било одлучено дека „црвено-црните“ не ги исполнуваат условите за настап во европските натпреварувања.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на ЕХФ.

-Одлуката на Извршниот комитет на ЕХФ следува по период од речиси две години во кој ЕХФ се обидуваше да го реши проблемот со неплаќањата на договорените играчи од страна на клубот и со тоа да го задржи клубот од Скопје на највисоко ниво.

-Со оглед на тоа што РК Вардар 1961 одлучи активно да го презентира својот став пред медиумите, Европската ракометна федерација одлучи да даде јавен одговор. Овој одговор е директно доставен до клубот во исто време.

-Европскиот натпреварувачки систем на клупско ниво има многу чувствителна структура и многу зависи од интегритетот на клубовите-учеснички. Ова добро треба да се заштити и исклучително позитивниот развој во последните години го докажа успехот на напорите што заеднички ги преземаат ЕХФ и клубовите. За да се расчисти ситуацијата со Вардар имаше многу писмени размени, па дури беа преземени и лични разговори и јасни рокови од страна на ЕХФ.

-За жал, претставниците на клубот не можеа да ги почитуваат овие датуми и поставија стратегија на одложување или дури и неодговарање. Плаќањата беа направени само делумно, а беа преземени неколку обиди датумите да се одложат во следната сезона.

-Извршниот комитет на состанокот минатиот петок дошол до едногласна констатација дека Вардар ниту ги исполнил договорените аранжмани, ниту навремено го завршил кругот на плаќање и со тоа не ги исполнува критериумите за настап во европските купови во сезоаат 2022/2023.

-Депозитот на сметката на ЕХФ веќе беше префрлен на сметката на клубот и по сезонското финално сметководство ќе следи трансфер и на преостанатите средства. Европската ракометна федерација изрази жалење што беше неопходно да се преземе таков чекор и подвлекува дека тоа не е во интерес на федерацијата, но ситуацијата предизвикана од поранешниот клуб резултираше со дефицити кои не требаше едноставно да се покријат преку инсталацијата на новиот клуб, -велат од ЕХФ.


3 views

Comments


bottom of page