top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ЕХФ донесе нова одлука, Вардар ќе игра во осминафиналето на ЛШ!

10.02.2021 februari sreda

Ракометарите на Вардар ќе играат во нокаут рундата на Лигата на шампионите без разлика на тоа како ќе ја завршат групната фаза од елитното натпреварување.

Европската ракометна федерација донесе нова одлука, да се адаптира на случувањата, па според истата сите 16 екипи ќе играат во осминафиналето на ЛШ. Коронавирусот, протоколите… прават многу проблеми, доста мечеви се одложени и веќе нема време за нови термини и поради тоа сите тимови ќе продолжат во осминафинаето.

Според најавениот формат, првоопласираниот од групата А вкрстува со осмопласираниот од групата Б, па вториот од А со седмиот од Б…или конкрентно во случајот, поточно како што е сега ситуацијата Вардар би играл со Барселона која има перфектни десет од десет во досегашниот тек на шампионатот

Овие промени ќе важат само за ЛШ, односно истите не важат за Европската лига.


3 views

Comments


bottom of page