ЕХФ ги одреди точните термини за првите четири настапи на Еурофарм Пелистер во ЛШ
Ракометарите на Еурофарм Пелистер се подготвуваат за новата сезона во која ги очекува и настап во елитната Лига на шампиони, а Европската ракометна федерација ги потврди и термините на натпреварите на битолчани во првите четири рунди.
Македонскиот шампион ќе го започне настапот на домашен терен во Битола со дуелот против Колштад на 13. септември од 18:45 часот, по што следуваат три подоцни термини.
Дуелите со Алборг, Кил и ПСЖ, нашиот претставник ќе ги одигра во 20:45 часот, а дополнително ќе очекува информации и за наредните рунди.
Во овие стартни четири кола, Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Кил на 28. септември, а им гостува на Алборг (20. септември) и ПСЖ (12. октомври).
Групата А во која настапуваат битолчани најавува жестока битка за највисоките позиции, а во неа се вклучени и Пик Сегед, Кјелце и Загреб.
Comments